Рецепти

Десерт за есенските денови: Чизкејк со јаболко и цимет

7. октомври 2019 - 15:40 | М.С.

Ако сте љубители на чизкејк, ве советуваме да ја направите оваа есенска верзија со јаболко и цимет.

Состојки:

1 шолја брашно

4 шолји масло

Четвртина шолја кафеав шеќер

1 лажица цимет

Четвртина шолја овесни снегулки

Четвртина шолја сецкани ореви

250 гр. крем сирење

200 мл. павлака

3 јајца

100 гр. шеќер

Половина шолја сок од јаболко

Лажица путер

Две кисели јаболка

Лажичка цимет

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во чинија изматете масло, шеќер и цимет, потоа додајте брашно, овесни снегулки и ореви. Добиеното тесто втиснете го во тава за печење и печете го десет минути во претходно загрејана рерна.

Во чинија изматете крем сирење, павлака и сок од јаболка. Додајте јајца и матете со миксер додека да добиете редок крем.

Смесата сипете ја на полупеченото тесто и печете уште 40 минути. Оладете го на работната површина, а потоа префрлете го во фрижидер.

Додека да се излади, истопете лажица путер во тавчето и пржете ги јаболката сецкани на коцки, зачинети со цимет.

Украсете го чизкејкот со изладените јаболка и послужете го десертот.

Коментирај