Доручекот е најважниот оброк во денот, а со овој рецепт може да биде и многу повкусен.
Состојките не е потребно да се готват, туку само да се стават во стаклен сад и да се разладат во фрижидер преку ноќ. Ова е одлично решение за сите оние кои наутро немаат многу време за подготовка на здрав доручек, а стаклениот сад можете да го земете со вас и да го понесете на пат до работа или факултет.
Состојки:
- 30 грама протеински прашок од чоколадо
- 25 грама овесни снегулки
- 1 лажица кокосови трошки (без шеќер)
- 1 мала лажичка изрендана или ситно сецкана темна чоколада со висок удел на какао
- 80 мл вода
Подготовка
1. Сите состојки ставете ги во стаклениот сад
2. Додадете вода и добро измешајте
3. Прекријте го садот и оставете го во фрижидер најмалку 4 часа (најдобро преку ноќ)
4. Промешајте и уживајте.
5. Рецептот има околу 269 калории, 28 гр. протеини, 6 гр. масти, 36 гр. јаглехидрати, 5 гр. шеќер, 5 гр. влакна.