Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски му донесе три бода на Палермо, откако го постигна единствениот гол на гостувањето во Бергамо кај Аталанта.
Несторовки минатото коло постигна гол против Кротоне со кој на својот тим му донесе еден бод, а во средата, беше стрелец во Бергамо за победа на екипата од Сицилија.
Нестороски беше стрелец во 89. минута по асистенцијата на Хрватот Јајало.
Палермо по пет кола во Серија А има освоено пет бода.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=zww4Or7wPbY]
Серија А, 5.коло:
Рома-Кротоне 4:0
Киево-Сасуоло 2:1
Емполи-Интер 0:2
Јувентус-Каљари 4:0
Удинезе-Фиорентина 2:2
Аталанта-Палермо 0:1
Болоња-Сампдорија 2:0
Пескара-Торино 0:0
Џенова-Наполи 0:0
Милан-Лацио 2:0
Табела: Јувентус 12, Наполи 11, Рома 10, Киево 10, Интер 10, Милан 9..