Павлина Атанасова вечерва ја промовира стихозбирката „Карпа во морето“  

Вечерва, 25 мај, од 20 часот на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи промоција на втората стихозбирка на Павлина Атанасова ‒ „Карпа во морето“, идадена во едицијата „Гравири“ на „ПНВ Публикации“ од Скопје.

Збирката песни низ разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска, која ќе истакне: „Втората збирка песни на Павлина Атанасова тематски се надоврзува на нејзината прва стихозбирка ‘Големата прегратка’ со која авторката влезе во најтесниот избор за наградата ‘Браќа Миладиновци’ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата. Книгата содржи четириесетина песни, во кои повторно доминираат синилото на водата во сите нејзини облици, љубовта, семејството, соништата и желбите, но и стравовите... премолчаните нешта... сепак искажани преку стихови со лечебни својства. Ова е поезија што исцелува.“

Ѓоко Здравески, пак, ќе рече: „Поезијата на Павлина Атанасова е од тие што ве тераат и вие да пишувате. Сликите создаваат слики, ритамот – ритам. Спокојно му е на читателот во нејзините соништа и во нејзините води. Сè поретко ми се случува, како што сега ми се случува, тоа што ќе го прочитам да ме остави со чувство на смисла.“

А Стефан Костоски во неговата рецензија за стихозбирката вели: „Поезијата на Атанасова е тивка вода што спокојно ги слуша сите звуци на универзумот. Сеќавањата, што се наметнуваат in media res во песните од ‘Карпа во морето’, испливуваат токму од водата, доаѓаат со пладневниот дожд, кој потоа се врзува со темите на домот и на идентитетот. Тоа е моментот на мирната, тивка и сонлива доба на природата кога се размислува за саканите, за живите, за мртвите, понатаму, за среќата, за тагата, за љубовта и за надежта.“

Павлина Атанасова (1993, Штип) пишува поезија и кратки раскази. Авторка е на стихозбирките: „Големата прегратка“ (2020, ПНВ Публикации), што беше во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ и „Карпа во морето“ (2023, ПНВ Публикации). Учествувала на „Поетска ноќ во Велестово“, на „Струшките вечери на поезијата“ и на „Скопскиот поетски фестивал“. Настапила и на неколку поетски читања низ Македонија, меѓу кои, на „Поетска епизода“ во Скопје и на „Добри гости“ во Штип. Нејзината поезија е застапена во неколку избори и зборници, а редовно се појавува и во периодиката. Нејзини песни се препеани на српски, на хрватски, на албански и на турски јазик.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе