Приказна за Рибери: Родителите го оставиле пред манастир, поради лузните го викале Квазимодо

Животната приказна на познатиот француски фудбалер Франк Рибери е исполнета со понижување и потсмев, но со својата сила, волја и упорност успеа да надмине сѐ и да се истакне како голема фудбалска ѕвезда.

Францускиот фудбалер Франк Рибери ја заврши својата кариера, но неговата приказна секогаш го буди интересот на јавноста.

Имал толку трагична приказна што луѓето понекогаш се прашуваат како е можно на еден човек да му се случат толку многу лоши работи. Но, по многу денови поминати во плачење и тагување, тој решил да го покаже својот талент и мајсторство во она што најдобро го прави: фудбалот.

Повеќе од десет години беше волшебник на крилната позиција во минхенски Баерн, каде најмногу се истакна, но додека дојде во Баерн мораше да помине низ трнлив животен пат.

Френк Рибери како дете никогаш не ги запознал своите родители. Го оставиле на прагот на еден манастир, па цел живот останал сирак.

Бил „чудовиштето“ на манастирот како што другите му се потсмевале. Сите го исмејувале, дури и го нарекуваа Квазимодо. Неговиот одговор бил, како што рековме, да молчи и да плаче в ќош каде што никој не можел да го види. За жал, за неговиот изглед била одговорна сообраќајна несреќа што ја преживеал како дете.

Сообраќајната несреќа на двегодишна возраст кога со родителите со автомобил се судриле со камион го довела на работ на смртта и му направила проблеми со лицето, вилицата и забите. Му биле ставени над 100 конци, но успеал и тоа да го надмине.

Никој освен него не ја знаеше вештината или доблеста што ја имаше: да игра со топката подобро од кој било. Исто така имаше истрајност што не му одговараше на неговото мало тело. Учеше од болката и суровоста што му ги давал животот уште од раното детство. Неговиот живот стана борба, надминувајќи многу пречки.

Неговото лице ја покажува сериозноста на она низ што поминал. Затоа Рибери никогаш не сакал да прави пластична операција за да ги скрие лузните. Често вели дека овие тешкотии ја ковале неговата личност.

„Луѓето ми велеа: 'Погледни му го лицето, погледни му ја главата! Каква лузна е тоа? Тој е грд!' Секаде каде што одев, луѓето ме гледаа. Не ме гледнаа затоа што бев добар човек, затоа што се викам Френк или затоа што бев добар фудбалер. Ме гледнаа поради лузните на моето лице“, изјави еднаш Рибери.

Судбината му даде неизбежен прекар: годината на неговото раѓање, 1983, одговара на продукцијата на „Scarface“, филмот на Брајан Де Палма, со Ал Пачино во главната улога.

Поради недисциплина бил избркан од манастирот, но како што вели, сакал да живее „послободно и поотворено“, па со сигурност некогаш сам ќе си заминел.

Рибери со своите вештини стана фудбалски ѕвер, кој уништуваше сѐ пред себе, поставуваше рекорди по рекорди и доби признание од УЕФА за најдобар фудбалер во Европа за сезоната 2012/2013.

URL

Неговиот живот предизвика интерес во јавноста и кога беше објавено дека се жени и воедно ја менува својата вера од католицизам во ислам поради неговата сопруга Вахиба Белхами. Неговото исламско име е Билал Јусуф Мохамед, а има три ќерки - Хизија, Шахинез и Келтум Шерифа - и два сина - Сеиф ел Ислам и Мохамед.

Покрај тоа, Рибери се испроба и во музичката индустрија, снимајќи музичко видео за алжирскиот музичар Халед.

Remote video URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе