Унгарија ја оддалечи Македонија од Евробаскетот

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство, пораз кој ја оддалечува од настап на континеталниот шампионат. Македонија, вчера во Кавадарци, загуби од Унгарија 66-76 (17-15, 18-17, 13-16, 18-28).

Кошаркарите го загубија мечот во кој немаа право на грешка, додека Унгарците со триумфот во Кавадарци со „една нога“ се на Европското првенство.

Играта на Македонија во првото полувреме може да добие преодна оценка, одбраната функционираше добро, нападот задволителен и оттука три поени предност по 20 минути игра.

Проблемите за тимот кој го предводи Драган Раца започнаа во вториот дел, цели пет минути не постигнаа кош, но ниту Унгарците во тој дел не функционираа најдобро во нападот.

Последните четири минути од третиот период донесоа серија од десет поени најпрвин на Унгарците, а потоа и на Македонија, а гостинската репрезентација успеа на крајот да стигне до 48-48 во пресрет на решавачката четвртина.

Во последните десет минути играта на Македонија џцелосно се распадна, немаше никава идеа во нападот, Војдан Стојановски не можеше сам, додека на спротивната страна најдобриот играч Војвода доби поддршка од Ханга и Витман кои погодуваа кога требаше и на крајот и донесоа значајна победа на унгарската репрезентација.

Војдан Стојановски со 16 поени ја предводеше Македонија, додека Ромео Тревис забележа 12 поени и исто толку скокови. На спротивната страна доминираше натурализираниот Унгарец Војвода со 27 поени, Ханга уфрли 15, а Витман 11 поени.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Кошарка

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе