36 повредени во безредијата во Марсеј, еден критично

Во одделните судири меѓу англиските, руските и француските фудбалски хулигани во изминатите три дена пред, за време и по натпреварот во рамките на Европското првенство меѓу Англија и Русија,  повредени се најмалку 35 луѓе, а еден англиски навивач е во животна опасност.

Иако локалните власти ангажираа најмалку 1.200 полицајци за одржување на јавниот ред и мир, хаосот на улиците на францускиот пристанишен град не беше запрен. Полицијата приведе шест лица, а за да го запрат насилството на улиците беше принудена да користи димни бомби со солзавец. Во тие акции повредени се полесно и тројца полицајци.

Педесетгодишен англиски навивач, кој настрадал во стампедо во Марсеј, се наоѓа во крајно тешка состојба, соопшти полицискиот префект на департманот Буш-ду-Рон, Лоран Нуњез.

„Лекарите сметаат дека неговиот живот е сериозно загрозен“, изјави Нуњез за локалните медиуми.

Инцидентот во кој бил повреден навивачот се одиграл три часа пред почетокот на мечот меѓу селекциите на Русија и Англија. За време на пресметката меѓу навивачите, Англичанецот добил неколку удари со железна цевка по телото, особено по главата, соопшти полицијата на Марсеј. Растурајќи ја толпата, полицајците на повредениот му укажале прва помош, вклучително и срцева масажа, со што успеале да му ја повратат свеста, и подоцна бил пренесен во локална болница.

Само ноќеска се повредени 35 навивачи, од кои четворица се во потешка состојба и се хоспитализирани во болниците во Марсеј. Медицинска помош на марсејските улици им била укажана на повеќе од триесетина лица, по повреди здобиени од шишиња или столчиња од терасите на кафулињата.

Меѓутоа, безредија немаше само во Марсеј. Во Ница се судриле навивачите на Северна Ирска и локалните хулигани. Според полициските извештаи, седум лица се повредени, едно од нив е со сериозни повреди на главата.

Сцените од уличните судири од двата француски града се проширија низ социјалните мрежи, а ги емитуваше и францускиот јавен телевизиски сервис.

Европската фудбалска федерација УЕФА и Англискиот фудбалски сојуз ФА ги осудија инцидентите, а челниците на европската покривна фудбалска организација најавија итен состанок за справување со навивачкото насилство.  

Организаторите на Европското фудбалско првенство изразија стравување дека сцените од Марсеј може да се повторат и во другите француски градови, а првиот дуел од оние кои се означени како најризични е меѓу Турција и Хрватска.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе