Микропластиката ни ги зачепува крвните садови, покажа најново истражување

Микропластиката сега е насекаде.

Честички микропластика има во чајот што го нарачавте во кафуле, во водата, храната, во нашите крвни садови, па дури и во плацентата на бремените жени.

Секоја недела вдишуваме микропластика колку што има во една кредитна картичка. Научниците во 2022 година за првпат пронајдоа траги од микропластика во човечката крв, а истата година резултатите од истражувањето на научниците од Нов Зеланд покажаа дека микропластика за првпат е пронајдена во свежиот снег на Антарктикот. Една година подоцна, истражување објавено во списанието Environmental Science & Technology покажа дека микропластиката се наоѓа и во ткивото на човечкото срце.

Повеќе не можеме да ја избегнеме, па затоа е многу важно да разбереме како присуството на овие туѓи микрочестички влијае на нашиот организам.

Во повеќето случаи, научниците го проучувале влијанието на микропластиката во лабораториски услови; во реплики на органи и кај глувци, за да се добие впечаток каков ефект би можел да има врз човечкото тело. Тие откриле дека микропластиката може да предизвика воспаление и оксидативен стрес во срцевите клетки, да го ослабне срцето, да го промени отчукувањата на срцето и да создаде лузни на срцата на глувците.

Но, концентрациите на честички во овие студии можеби не покажуваат колку сме вистински изложени на микропластика за време на нашите секојдневни активности. Затоа, истражувањето спроведено врз луѓе е од големо значење, пишува Science Alert.

ПВЦ во артериите

Во новото истражување, експерти од Италија открија парчиња пластика во масни наслаги хируршки отстранети од пациенти со блокирани артерии и открија дека тие може да се поврзани со поголем ризик од срцеви заболувања, мозочен удар и смрт.

„Од 304 пациенти на кои им беше отстранета главната артерија на вратот, 58% имале микроскопски и наноскопски парчиња пластика со остри рабови во плочата што го обложуваат крвниот сад. Тие вклучуваат полиетилен и поливинил хлорид (ПВЦ)“, рече кардиологот Рафаеле Марфела од Универзитетот во Кампанија во Неапол.

Полиетилен е вид на пластика од која се направени повеќето кеси и шишиња за еднократна употреба. ПВЦ се користи за изработка на водоводни цевки, пластични шишиња, подови итн.

Двојно поголема веројатност за мозочен или срцев удар

Марфела и неговите колеги се прашуваа каков е ризикот од мозочен удар, срцев удар и смрт кај пациенти со и без микропластика на плочата.

Во студијата, тие набљудувале 304 пациенти, а 257 биле следени во период од 34 месеци. Откриле дека 58% од нив имаат мерливи количини полиетилен во артериската плоча, а 12% имаат ПВЦ.

Дополнително, тие откриле дека пациентите со микропластика во нивната плоча имале двојно поголема веројатност да доживеат мозочен удар, нефатален срцев удар или смрт од оние кои ги немаат овие ситни честички во нивните наслаги.

Научниците ги набљудувале и „назабените“ парчиња преку помоќен микроскоп - во микрофаги (имунолошки клетки) и во масните наслаги.

Треба да се напомене дека оваа опсервациска студија не утврди со 100% сигурност дека токму микропластиката во плочата предизвикува поголем ризик од мозочен или срцев удар, туку само забележана корелација. Таа не ги земала предвид другите фактори на ризик за кардиоваскуларни болести: како што се пушењето, физичката неактивност и загадениот воздух.

„Ова покренува голем број на итни прашања“

„Иако не знаеме кои други фактори можеби придонеле за лошите здравствени резултати кај пациентите, откривањето на микропластика и нанопластика во ткивото на наслагите е само по себе револуционерно и покренува голем број на итни прашања“, вели епидемиологот Џ. Ландриган од Бостонскиот колеџ.

Истражувањето Microplastics and Nanoplastics in Atheromas and Cardiovascular Events беше објавено во списанието New England Journal of Medicine.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе