За првпат најдена микропластика во човечката крв

Научниците за првпат пронајдоа траги од микропластика во човечката крв.

Иако сè уште не се знае точно какво влијание имаат микропластичните честички врз нашето здравје, научниците се загрижени бидејќи лабораторијата покажала дека тие можат да предизвикаат оштетување на човечките клетки.

Со децении, човештвото има проблеми со отстранување на пластичниот отпад, а микропластиката досега е пронајдена на секој дел од нашата планета; од врвот на Монт Еверест до подножјето на најдлабоките океани, пишува The Guardian.

Научниците претходно открија дека луѓето внесуваат и вдишуваат микропластични честички преку храна и вода – потврдено е нивно присуство во изметот на бебињата и возрасните.

Половина од примероците содржеле ПЕТ пластика

Во најновата студија, научниците анализирале примероци од крв од 22 здрави анонимни дарители и откриле несакани честички во 17 од нив (речиси 80%). Половина од примероците содржеле ПЕТ пластика, која вообичаено се користи во шишиња за пијалоци, додека една третина содржела полистирен што се користи за пакување храна и други производи. Една четвртина од примероците од крвта содржеле полиетилен од кој се направени пластични кеси.

„Нашата студија покажа дека имаме полимерни честички во крвта, што е револуционерно откритие. Но, треба да го прошириме истражувањето и да ја зголемиме големината на примероците, бројот на проценети полимери итн.“, рече екотоксикологот Дик Ветаак од Vrije Universiteit Amsterdam.

„Разумно е да сме загрижени. Честичките се таму и се пренесуваат низ целото тело“, рече Ветаак.

Тој додаде дека количината и видот на пластиката значително се разликуваат помеѓу примероците на крв. Тој објасни дека можеби станува збор за краткорочна изложеност, како на пример пиење од пластична чаша, пред да земе примероци од крв.

„Прашањето е што се случува со честичките во нашето тело? Дали остануваат во него? Дали патуваат до одредени органи? И дали нивното ниво може да му наштети на нашето здравје? Треба итно да финансираме понатамошни истражувања за да можеме да ги дознаеме одговорите на овие прашања“, рече Ветак.

Студијата Discovery and quantification of plastic particle pollution in human blood беше објавена во списанието Environment International.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Наука

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Read more

Австралиец преживеа 100 дена со вештачко срце од титаниум

Read more

Дали древните гробишта Флегстоунс биле прототип за Стоунхенџ?

Read more

Во Тајланд пронајден скелет на дете стар 29.000 години

Read more
 

Гик

Норвежанец поднесе жалба против OpenAI откако ChatGPT му кажал дека си ги убил двете деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботот Atlas научи нови потези и сака да ги покаже

Читај повеќе

Microsoft има нова гејмпад тастатура за Windows 11

Читај повеќе

Над 300 апликации исфрлени од Google Play Store

Читај повеќе

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Читај повеќе
  • filter

Google го претстави паметниот телефон Pixel 9a

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ретко видено зајдисонце: Blue Ghost испрати неверојатни снимки од Месечината

Читај повеќе
  • play_arrow

Nvidia го направи најмалиот суперкомпјутер во светот

Читај повеќе

Почна производството на приватната вселенска станица Starlab, лансирање во 2028 година

Читај повеќе