Тажна вест за човештвото: Микропластика првпат откриена во новиот снег на Антарктикот

Резултатите од истражувањето на научниците од Нов Зеланд, објавени денеска, покажаа дека микропластика за првпат е пронајдена во свежиот снег што неодамна падна на Антарктикот, што може да го забрза топењето на снегот и мразот и да претставува закана за здравјето на уникатните екосистеми на континентот.

Ситна пластика, помала од зрно ориз, претходно била пронајдена во морскиот мраз и површинските води на Антарктикот, но научниците истакнуваат дека таа првпат била откриена во свежи снежни врнежи.

Резултатите од истражувањето, спроведено од Алекс Ејвс, докторанд на Универзитетот во Кентербери, под надзор на д-р Лаура Ревел, беа објавени во научното списание The Cryosphere, пренесе BBC.

Таа собра примероци од снег од 19 локации на Росовата ледена полица на Антарктикот и рече дека била шокирана кога пронашла микропластика во апсолутно секој примерок.

„Неверојатно тажно“

„Тоа е неверојатно тажно. Откривањето на микропластика во свежиот снег на Антарктикот го нагласува степенот на загадување со пластика дури и во најоддалечените региони на светот“, рече таа.

Резултатите од нејзиното истражување покажале дека на литар стопен снег во просек биле пронајдени 29 микропластични честички. Густината на микропластиката беше речиси три пати поголема недалеку од научните бази на островот Рос - базата Скот и станицата МекМурдо.

Од пронајдените 13 различни видови пластика, најзастапена беше ПЕТ, која често се користи за правење шишиња за пакување безалкохолни пијалоци и за правење облека.

Можеби патувала илјадници километри низ воздухот

Микропластиката можеби патувала илјадници километри низ воздухот, но подеднакво е веројатно дека присуството на луѓе на Антарктикот предизвикало микропластичен „отпечаток“, велат истражувачите.

Истражувањето го потврди она што го очекуваа научниците, рече Олга Панто, виш научник во Институтот за еколошки науки и научни истражувања.

„Навистина е невозможно за кој било организам во денешно време да го избегне влијанието на човековите активности, исто како што човечкото дејство влијае на климатските промени кои пак влијаат на промените на животната средина“, рече таа.

„Не треба да нагласувам дека треба да се преземат значајни чекори што е можно поскоро за да се намали употребата на пластика, како и конструктивни начини за управување со пластиката“, рече Панто.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Вести

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Read more

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе