НБА: Голден Стејт стигна до 50-та победа

Голден Стејт е првиот тим во НБА лигата кој стигна до 50-та победа оваа сезона. Шампионот синоќа победи во Атланта (102:92). Индивидуално натпреварите во НБА лигата ги обележаа Кајл Ловри и Јанис Адетокунбо кои забележаа „трипл дабл“ во победите на Торонто и Милвоки, над Њујорк, односно ЛА Лејкерс.

Стеф Кари имаше учинок од 36 поени, шест скокови и осум асистенции, а Клеј Томпсон постигна 27 поени во победата на Голден Стејт во Атланта од 102:92. Ал Хорфорд со 23 поени и 16 скокови го предводеше тимот на Атланта.

Детроит славеше над Кливленд (96:88) и ја прекина серијата од пет порази. До 28-та сезонска победа Пистонси ги предводеа Реџи Џексон (23 поени), Кентавијус Колдвел-Поуп (19 поени) и Андре Драмонд (16 поени, 15 скокови).

Кај Кливленд најефикасни беа Кајри Ирвинг со 30 и Кевин Лав со 24 поени.

Мајами, по едно продолжение, ја совлада Индијана (101:93). Горан Драгиќ уфрли 24 поени, а „дабл дабл“ остварија Хасан Вајтсајд (19 поени, 18 скокови) и Луол Денг (13 поени, 16 скокови). Индијана ја предводеше Пол Џорџ со 31 поен и 11 скокови.

Торонто убедливо го порази Њујорк (122:95), а Кајл Лаури забележа „трипл дабл“ од 22 поени и по 11 скокови и асистенции.

„Трипл дабл“ оствари и Јанис Адетокунбо (27 поени, 12 скокови, 10 асистенции), во триумфот на Милоки над ЛА Лејкерси (108:101).

Рутинска победа забележаа ЛА Клиперси над Феникс (124:84). Џеј Џеј Редик постигна 22 поени, додека кај Феникс кој го запиша 43-от пораз сезонава Арчи Гудвин постигна 20 поени.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Кошарка

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе