Нови навивачки безредија во Марсеј (видео)

Францускиот град Марсеј повторно беше боиште меѓу англиските, руските и француските хулигани пред натпреварот од европскиот фудбалски шампионат меѓу Англија и Русија.

Марсеј и во текот на Светското фудбалско првенство во 1998 година беше сцена на навивачки безредија, а тогаш се судрија англиските и туниските навивачи.

Околу 250 англиски навивачи се судрија со полицијата, која мораше да употреби солзавец. Околу пладне, француските хулигани за одмазда за дивеењето од претходниот ден, ги нападнаа Англичаните. Еден англиски навивач заврши во болница, а еден Французин е во притвор поради крадење дрес. Локалниот портал La Provance пишува дека во судирите со руските навивачи повредени се четири британски навивачи, а една жена е хоспитализирана.

Медиумите јавуваат и за судири меѓу руските и англиските навивачи во центарот на Марсеј, чијашто градска управа мобилизираше дополнителни илјада полицајци. На руските телевизии беа прикажани снимки на кои хулигански групи фрлаат столици од кафулињата и петарди.

На марсејските полицајци во расчистување на судирот им помогнале и руски полицајци кои се испратени во Марсеј и успеале да ги потиснат руските навивачи од местото на судирот.

Францускиот министер за спорт, Патрик Канер ја прогласи средбата меѓу Англија и Русија еден од најризичните натпревари на шампионатот, поради дивеењето на навивачите.

„Ова е еден од петте високоризични натпревари на турнирот, Англичаните и Русите се запалени и тоа може да биде експлозивно“, изјави министерот за телевизијата i-Television, говорејќи за веројатноста од избувнување на насилства од страна на навивачите.

Според него, Франција ги преземала сите мерки за да ја осигури безбедноста.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=npQdYBBP7Q4]

 

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе