Роналдо, Бејл и Гризман кандидати за најдобар фудбалер во Европа

За признанието најдобар фудбалер во Европа во сезоната 2015/16 ќе се борат Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Антоан Гризман.

Европската куќа на фудбалот ги обелодени имињата на тројцата кандидати кои ќе се борат за признанието најдобар во Европа во сезоната 2015/16, а меѓу нив не е името на Лео Меси.

Минатиот месец УЕФА ги соопшти десетмината кои добија најмногу гласови од новинарите од сите 55 земји членки, а списокот со тројцата конечни кандидати беше објавен денеска.

Најдобриот стрелец во Европа, Луис Суарез и неговиот соиграч од Барселона, Лео Меси не се во најтесниот избор.

Аргентинецот Лионел Меси првпат по подолго време не е номиниран меѓу тројцата најдобри фудбалери во Европа.

Португалецот Кристијано Роналдо со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, а со својата репрезентација стана и европски првак на ЕВРО 2016.

Герет Бејл, од „кралскиот клуб“ исто така е европски клупски шампион, а со Велс стигна до полуфинале на Европското првенство.

Французинот Антоан Гризман имаше одлична сезона во Атлетико Мадрид, а беше и најдобар стрелец и најдобар играч на ЕВРО 2016.

Луис Суарез беше пред Меси во овој избор и се пласира на четвртата позиција според гласовите, додека меѓу десетмината место најдоа и Џанлуиџи Буфон, Тони Крос, Томас Милер, Мануел Нојер и Пепе.

Победникот ќе биде објавен на 25 август, кога во Нион ќе се одржи извлекувањето за групите во Лигата на шампиони.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе