11 ноември 1944, ослободување на Куманово
На 11 ноември 1944 година, по долга и крвава народноослободителна и антифашистичка борба, со балистичките и четничките формации, било ослободено Куманово од фашистичкиот окупатор.
Народно-ослободителната борба (НОБ) на Вардарска Македонија е вообичаениот термин за борбата за ослободување на Вардарска Македонија од окупаторските сили во текот на Втората светска војна. НОБ започна на 11 октомври 1941 година, со нападот врз бугарската полициска станица во Прилеп („Участокот“, сега Меморијален музеј „11 Октомври“), а заврши со ослободувањето на Тетово на 19 ноември 1944 година.