15 јули 1928, во Скопје слетал првиот патнички авион
На денешен дрен во далечната 1928 година во Скопје слетал првиот патнички авион со што бил означен почеток на авиосообраќајот во земјава.
Патничкиот авион кој слетал на тогаш штотуку изградениот аеродром во Скопје бил Potez 29 од француско производство. Првиот лет бил на релација Белград-Скопје-Подгорица-Мостар-Сараево Белград на компанијата Аеропут. Авионот можел да превезува само 5 патници и 290 килограми багаж.
Авионите последни биле вклучени во сообраќај во Скопје. Аеродромот на чија писта се запишал првиот историски лет во Македонија се наоѓал на 3 километри оддалеченост од центарот на градот во денешната населба Аеродром. Првиот лет во земјава се случил 20 години од првиот историски лет на браќата Рајт. Аеродромот имал меѓународна класификација, а се користел само за дневни домашни и чартер летови.
Една година подоцна била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Во средината 30-тите години во употреба бил пуштен и аеродром во Битола.