25 јануари 1981, се родил Тоше Проески
Денеска Тоше Проески ќе наполнеше точно 44 години. Најпознатата македонска музичка ѕвезда веќе 13 години не е со нас, но сите велат дека тој има само датум на раѓање. Тој датум е токму денес.
Роден е во старо влашко семејство во Крушево, а музичкото образование го почнал во музичкото училиште во Битола, па продолжил на Музичката академија во Скопје.
Дебитираше на детскиот фестивал „Златно Славејче“ во 1992 година со песната „Јас и дедо ми“ испеана на влашки јазик.
Објави 7 албуми, а трагично загина во сообраќајна несреќа 16 октомври 2007 на автопатот Загреб-Липовац, кај местото Нова Градишка во Хрватска, на 26-годишна возраст.
Постхумно беа објавени уште неколку албуми и песни.