8 февруари 1984, отворање на Олимпијадата во Сараево
Првите и досега единствени Зимски олимписки игри на Балканот биле свечено отворени на денешен ден во 1984 година во Сараево.
На Олимпијадата учество зеле 49 држави со вкупно 1.272 натпреварувачи од кои 998 во машка и 274 во женска конкуренција. Најмногу медали освоиле СССР (25), но најмногу златни освоила Источна Германија (9). Домаќинот Југославија освоила само 1 медал и тоа сребро, што и бил прв медал во историјата на земјата на ЗОИ, а го освоила Јуре Франко во велеслалом.
Церемонијата на отворањето се одржала на стадионот „Кошево“, а игрите биле официјално отворени од страна на Миха Шпиљак, претседател на Претседателството на Југославија како претставник на Хрватска. Носител на факелот била Сандра Дубравчиќ. Официјална маскота бил волкот Вучко.
Игрите се затвориле на 19-ти, а нареден пат кога повторно се одржале во Источна Европа беше дури во 2014 година во Сочи, Русија.