AD Charon е AMG C63 S со одличен дизајн и брутални перформанси
Во друштвото на моќни седани е и Mercedes AMG C63 кој благодарение на компанијата за тјунирање Auto Dynamics стана суперавтомобил. Оваа компанија е позната по неколку тјунирани суперавтомобили, а најновата креација е наречена Charon.
AD имаше план автомобилот да развива повеќе од 800 КС, па така моторот на новиот суперавтомобил испорачува 843 коњски сили и 972 Nm максимален вртежен момент.
Направени се и минимални промени на екстериерот, а автомобилот доби и нови 20-инчни BBS CI-R фелни од легура во црна боја.
Погледнете ја галеријата.