BMW го претстави најмоќниот модел од Серија 5
Минатата недела беше претставена редизајнираната Серија 5, а сега во Минхен го претставија и освежениот модел М5 - најмоќниот од серијата.
Главните промени се направени на каросеријата: нови куќишта за предните ЛЕД светла, нова графика на задните ЛЕД светла и новодизајнирани 19 и 20-инчни фелни.
4,4-литарскиот V8 мотор развива 600 коњски сили и 750 Nm максимален вртежен момент, а верзијата М5 Competition 625 коњски сили и 750 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,3 секунди и достигнува максимална брзина до 305 км/ч.