BMW наскоро ќе го претстави електричниот кросовер iNext
BMW овој месец ќе го одржи настанот под назив NextGen на кој ќе го претстави новиот електричен автомобил.
На овој настан BMW ќе ја претстави продукциската верзија на електричниот кросовер iNext, а тоа ќе се случи на 11 ноември. Се работи за моделот кој е најавен уште во 2018 година.
Германската компанија на 10 ноември ќе објави видеа со кои ќе го претстави новиот модел iNext.
Сè уште не е познато дали во текот на премиерата ќе биде откриена внатрешноста вклучувајќи го екранот кој е чувствителен на допир и детали за перформансите.