Галерија на неделата: Aston Martin Valhalla со 950 КС
Британскиот произведувач ја претстави продукциската верзија на својот нов хиперавтомобил.
Долгоочекуваниот Aston Martin Valhalla дебитираше во четврток.
Го движи 4,0-литарски твин турбо V8 мотор кој го разви Mercedes AMG. Само овој мотор испорачува импресивни 750 КС. Му помагаат електрични мотори со вкупна сила од 204 КС(150 kW), па хибридниот систем произведува 950 КС и 1100 Nm.
Цената засега не е позната.