Hongqi S9 – хиперавтомобил кој развива 1.400 коњски сили
На Саемот за автомобили во Шангај е претставен кинескиот хиперавтомобил Hongqi S9.
Hongqi S9 како концепт се појави во 2019 година на Саемот за автомобили во Франкфурт.
Како што може да се забележи, S9 има елегантна силуета и изгледа „европски“. Го карактеризираат многу интересни детали на екстериерот меѓу кои се светлата. Каросеријата е лакирана во црвена боја комбинирана со карбонски компоненти.
Автомобилот го движи V8 мотор со plug-in хибриден погон, а развива 1.400 КС. Засега има многу малку информации, а се претпоставува дека од 0 до 100 км/час ќе забрзува за само 1,9 секунда.
Ќе се произведат само 99 примероци.