Hyundai го претстави спортскиот модел i20 N
Овој модел е одговор на Hyundai за сите слични спортски модели од Б сегментот коишто имаат 1,6-литарски мотор со 4 цилиндри кој развива 207 коњски сили.
Новиот i20 N го движи 1,6-литарски четирицилиндричен мотор кој развива 207 коњски сили и 275 Nm максимален вртежен момент. Сè уште не се објавени податоци за другите перформанси.
Автомобилот има рачен 6-степен менувач, а по желба на купувачите понудата може да биде проширена и со автоматски менувач со 2 квачила.
Продажбата започнува во првата половина на наредната година, а цената сè уште не е објавена.
Погледнете ја галеријата.