Kia го претстави новиот Sportage за европскиот пазар
Како што претходно беше најавено, јужнокорејскиот произведувач на автомобили KIA ја претстави петтата генерација на моделот Sportage за европскиот пазар.
Sportage e едниот од најпродаваните модели на јужнокорејскиот бренд кој се продава на глобалниот пазар, а новата верзија е базирана на N3 платформата на Hyundai Motor Group.
Автомобилот е долг 4.515 мм, што значи дека е пократок за 85 мм во однос на моделот за глобалниот пазар. Подобрена е аеродинамиката и редизајниран е предниот браник.
Погледнете ја галеријата.