Рафаел Надал ја запроси девојката по 14 години во врска
Тенисерот Рафаел Надал се сврши со девојката Мери Перело по 14 години врска.
Според магазинот Hello! двојката ќе се венча наесен на Мајорка, а свршувачката ја држеле во тајност осум месеци.
Шпанецот Рафа (32) ја запросил 30-годишната Мери во мај на романтично патување во Рим, но сакале да ја чуваат радосната вест од јавноста.
Мери има диплома за бизнис и работи во осигурување. Таа исто така е проект директорка на Фондацијата Рафа Надал што тој ја оформи пред повеќе од 10 години.