Што ако иконите на уметноста живееја во модерното општество?
Што ако наместо мултиталентиран уметник, Салвадор Дали беше модерен инфлуенсер опседнат со мода и стил? Или пак, наместо иновативен ликовен артист, Винсент Ван Гог реши да го шета светот заедно со неговата девојка?
Алтернативните судбини во модерниот свет се прикажани преку сликите на артистот UntitledSave, кој живее и работи во Португалија. Во оваа галерија можете да ги видите неговите визии за некои од најпознатите икони од светот на уметноста.