Македонските фудбалери тренираа во Израел
Македонската репрезентација го одржа првиот тренинг на израелска почва каде утревечер ќе го одигра петтиот квалификациски натпревар за пласман на ЕУРО 2020 против домаќинот Израел.
Нашите репрезентативци комплетирани со Пандев, Трајковски и останатите кои дојдоа директно во Ветената земја ја почувствуваа атмосферата синоќа одржувајќи го првиот тренинг.
Македонија игра против Израел в четврток од 20.45 часот на „Јаков Тарнер Тото“ стадионот во Беер Шева.
Фото: ФФМ