Одбојкарите немоќни против европскиот шампион Русија
Македонската одбојкаркска репрезентација играњето на ЕУРО 2019 го зачини и со дуел против актуелниот европски шампион Русија.
Руските одбојкари ја покажаа својата сила и лесно ги добија првите два сета (25:15 и 25:16), но во третиот и тоа како се намачија. Макединија покажа дека знеа да игра одбојка па овој сет се играше на продолженија, а на крајот сепак го добија Русите со 30:28.
Денес за Македонците е слободен ден, а утре играме против Белорусија.
Фото: CEV