Хајди, Наоми, Алесандра, Адриана: Најдоброто од фамозните ревии на Victoria’s Secret
По речиси четврт век, познатиот бренд за долна облека Victoria’s Secret ја откажа годишната ревија што низ годините стана еден од главните настани на годишниот моден календар.
Но, во изминативе години ревијата бележеше сè помала и помала гледаност, а зачестија и критиките кон брендот на различни основи, од кои најгласни беа оние против настојувањето да се користат многу слаби манекенки, како и одбивањето да се воведе инклузивност меѓу моделите.
Шоуто на Victoria’s Secret почна да се одржува во 1995 година и лансираше денес светски познати имиња во модата - Наоми Кембел, Адриана Лима, Хајди Клум, Алесандра Амброзио, а во поново време Кендал Џенер, Бела и Џиџи Хадид...
Ова се најдобрите моменти од ревиите на Victoria’s Secret.