Објавени нови детали за Kia Sportage
По првите фотографии од новата генерација, корејскиот произведувач објави и технички детали.
Kia ја одржа онлајн премиерата на новата генерација на својот популарен компактен SUV кој ќе биде достапен со бензин и дизел мотор, како и во хибридни и plug-in хибридни опции.
Направија големи промени на дизајнот на надворешноста на моделот Sportage, а кога станува збор за моторот, Kia Sportage ќе се продава со 1.6 Т-GDI турбо бензин мотор кој развива 180 КС и 265 Nm.
Дизелот е 2.0-литарски со 186 коњски сили и 417 Nm и ќе се испорачува со 8-степен автоматски менувач.
Новиот Kia Sportage во продажните салони ќе се појави подоцна оваа година, а тогаш ќе бидат објавени и сите податоци за Европа.