Од сите агли: Ова е новиот Mercedes C-Class All-Terrain
Германскиот произведувач ги објави фотографиите и техничките детали за новата генерација на C Class All-Terrain.
Крос верзијата има погон на сите четири тркала. Тука се и новите програми Offroad и Offroad+ со регулирање на брзината на угорница. Доби и нови ЛЕД светла со поширок агол на осветлување кои се активираат само доколку има потреба и тоа до брзина од 50 км/час.
Ќе биде достапен со две опции: 1,5-литарски бензин мотор со 204 коњски сили и 300 Nm и 2-литарски дизел кој развива 200 КС и 440 Nm.
Oфицијалната премиера е закажана за септември на Саемот за автомобили во Минхен, а продажбата ќе започне до крајот на годината.
Погледнете ја галеријата.