Opel го претстави и караванското издание на новата Astra
Традицијата продолжува бидејќи Opel Astra и во караванска верзија се нуди од првата генерација, а со последното издание понудија багажник од 608 до 1634 литри.
Го движи 1,2-литарски мотор со три цилиндри кој развива 110 КС и 205 Nm најголем вртежен момент, а најмоќниот модел развива 130 КС и 230 Nm.
Во понудата е и 1,5-литарски турбо дизел мотор со 130 КС и 300 Nm максимален вртежен момент. Ќе понудат и хибрид кој ќе произведува 225 КС.