Ова е новиот Audi A3 G-Tron
Audi го претстави новиот A3 кој користи природен гас CNG.
Новиот модел го придвижува 1,5-литарски TSI мотор со полњач кој развива 131 КС и 200 Nm максимален вртежен момент, а истиот мотор се наоѓа и во Škoda Octavia G-Tec.
Автомобилот од 0 до 100 км/ч забрзува за 9,7 секунди и развива максимални 211 км/ч. Визуелно, новиот A3 G-Tron изгледа како и стандардната генерација на моделот A3.
Продажбата започнува наскоро, а новиот A3 ќе се продава по цена од 30.705 евра.