Ова е новиот Audi Q8 TFSI E Quattro
Компанијата Audi ја претстави plug-in хибридната верзија на моделот Q8.
Q8 55 TFSI E Quattro и 60 TFSI E Quattro го користат 3,0-литарскиот TFSI V6 мотор впарен со електричен мотор и 8-степен автоматски менувач.
Audi започна да прима нарачки за новите модели Q8 55 TFSIe и 60 TFSIe, a цените почнуваат од 75.351 евро.
Audi 55 TFSI E Quattro испорачува 375 КС и 600 Nm максимален вртежен момент.
Моделот 55 TFSI E Quattro од 0 до 100 км/ч забрзува за 5,8 секунди, а помоќниот модел за 5,4 секунди.