Поглед во новиот кабриолет на BMW
Cabrio изданието на новата Серија 4 сега се нуди само во комбинација со платнен кров.
По претставувањето на новата генерација на BMW Серија 4, баварската автомобилска компанија го претстави новиот кабриолет.
За спуштање и кревање на кровот се потребни само 18 секунди. На врвот на понудата е верзијата M440i чијшто трилитарски 6-цилиндричен мотор со два турбо полњачи и блага хибридна технологија развива 387 коњски сили и 500 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 5 секунди и развива 250 км/ч.