Поглед во тјунираниот Porsche Taycan
Од германската компанија за тјунирање TechArt на сопствениците на првото електрично Porsche засега нудат само подобрувања на изгледот на автомобилот.
Не е тајна дека во познатата германска компанија за тјунирање TechArt ги подготвуваат подобрувањата со кои првиот електричен модел на Porsche ќе биде уште помоќен.
Седиштата на Taycan се обложени со нова комбинација од кожа и алкантара, редизајниран е и менувачот, а во кабината има нови зелени детали. Нудат и нови 22-инчни алиминиумски фелни. Во понуда се и многу бои за каросеријата.
Погледнете ја галеријата.