Поглед во тјунираниот Porsche Taycan
Најновиот проект на Mansory е Porsche Taycan.
Познатиот тјунер често претерува, но на Taycan направија скромни модификации, а ваквиот пристап е добитна комбинација за овој електричен суперавтомобил.
Автомобилот доби нов сет од 22-инчни Y.5 фелни од легура, употребија карбонски влакна за задниот дифузор и лајсните на вратата.
Mansory не објави многу детали за внатрешноста, но познато е дека ќе понудат кожа и карбонски детали.
Погледнете ја галеријата.