Porsche 911 Dakar: Нова катeгорија автомобили за секаков терен
Автомобилот на Porsche кој потсетува на „rally-raid“ 911 кој учествуваше на познатото рели Париз-Дакар го придвижува мотор на Carrere 4 GTS.
На саемот за автомобили во Лос Анџелес, Porsche го претстави сериското издание на долгонајавуваниот „елфер“ за сите терени, со кој на најдобар начин потсети на тркачката „rally-raid“ верзијата на Porsche 911 (953) што победи на познатото рели Париз-Дакар во 1984 година.
Најновиот член на серијата 992 Porsche ќе го понуди во само 2.500 примероци, а почетната цена во Германија изнесува 222.020 евра.