Претставен новиот Porsche 911 GTS со 480 коњски сили
Неколку дена по претставувањето на моделот 911 GT3 Touring, познатата германска компанија го претстави новиот спортски автомобил Porsche 911 GTS.
Porsche 911 GTS од серијата 992 го движи трилитарски 6-цилиндричен boxer мотор кој во асистенција на два турбо полначи развива 480 коњски сили и 570 Nm максимален вртежен момент.
Ќе се нуди со погон на предните или на сите четири тркала, а верзијата Targa има погон на предните тркала.