Произведен првиот BMW i4 во Минхен
Електричниот BMW i4 се придружи во групата на модели кои баварската автомобилска компанија ги произведува во фабриката во Минхен.
Во фабриката, која наскоро ќе го прослави 100. роденден, го одбележаа почетокот на производството на електричниот модел i4 со кој нагласувааат дека се насочени кон целосна електрификација.
Електричниот BMW i4 станува дел од друштвото на модели кои се произведуваат во матичната фабрика на BMW, нагласувајќи дека до 2023 година повеќе од половина автомобили кои ќе се прават во Минхен ќе бидат делумно или потполно електрифицирани.
Послабиот BMW i4 eDrive40 го движи електричен мотор кој развива 340 КС и 430 Nm максимален вртежен момент, а со капацитетот на батеријата може да се поминат 590 километри.
Посилната верзија се крие зад ознаката M50, а ја движат два електрични мотори кои произведуваат 544 КС и 795 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/час забрзува за 3,9 секунди и развива електронски ограничени 225 км/час. Со едно полнење на батеријата може да се поминат 510 километри.