Seat ја претстави освежената Ibiza
Шпанската компанија SEAT ја претстави петтата генерација на моделот Ibiza пред 4 години, а сега го освежија овој модел.
Ibiza доби нови предни LED светла, нови фелни, како и нови бои за каросеријата.
Кога станува збор за погонот, понудата почнува со 1,0-литарски трицилиндричен TSI мотор кој развива 95 коњски сили и 175 Nm максимaлен вртежен момент. Помоќниот модел испорачува 110 КС и 200 Nm максимален вртежен момент.
Најмоќниот мотор во понудата е 1,5-литарски TSI мотор кој нуди 150 КС и 250 Nm максимален вртежен момент.
Испораките се очекуваат кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.
Погледнете ја галеријата.