Среќен роденден, Ибра
Еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 20 години, Златан Ибрахимовиќ денеска го прославува 39. роденден.
Ибрахимовиќ во Милан се врати во јануари годинава и покажа дека годините не му можат ништо. Тој моментално се наоѓа во карантин бидејќи е позитивен на коронавирус, но се чувствува добро и нема никакви симптоми.
За роденденот си го купи новото Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition и на социјалните мрежи напиша: „Среќен роденден на Златан“.