Убавина од која запира здивот: Бора Бора
Многумина го опишуваат островот Бора Бора како рај на земјата, убавина од која запира здивот. Населен е пред 11 векови, а Европејците за првпат го откриле во 18 век, поточно во 1722 година.
Подоцна и познатиот морепловец Џејмс Кук го посетил ова место и му го дал името Пола Пола, во превод „првороден“. Но, локалните жители не можеле да изговорат дел од буквите и островот е преименуван во Бора Бора.
Островот живее од туризам, а најчесто оние кои го посетиле за првпат, се враќаат и по вторпат.