10 јануари 1946, се одржало првото Генерално собрание на ОН
Првото Генерално собрание на Обединетите нации, кое опфаќало 51 земја, се одржало во Методистичката централна сала во Лондон, Обединето Кралство.
За прв претседател на Генералното собрание би избран Белгиецот Паул-Хенри Спаак со 28 гласови наспроти 23 за Норвежанецот Тригве Халвдан Ли, кој станал првиот генерален секретар.
Една недела подоцна, Советот за безбедност на ОН за прв пат се состанал и го утврдил својот деловник. Потоа, на 24 јануари, Генералното собрание ја усвоило својата прва резолуција, мерка која повикува на мирна употреба на атомската енергија и елиминација на атомското и другото оружје за масовно уништување.
Второто заседание на првото Генерално собрание се одржало на 23 октомври истата година во Флашинг Медоус во Њујорк, САД.