10 октомври 1913, пробиен бил Панамскиот Канал
Американскиот претседател Вудро Вилсон со испраќање на телеграма од Белата куќа дал наредба со експлозија да се разнесе насипот Гамбоа со што водите на Атлантскиот и Тихиот Океан на денешен ден со споиле преку Панамскиот Канал.
Првиот пловен објект кој го минал Каналот бил пловниот кран „Alexandre La Valley“. Изградбата била завршена во 1914 кога и официјално Каналот бил пуштен во употреба за бродови.
Први да го пробиваат каналот почнале Французите во 1881 година, но престанале во 1894 кога банкротирала компанијата ангажирана за изградба. Американците го преземале проектот во 1904 година.