16 октомври 1946, егзекутирани првите нацистички осуденици
Десет еминентни политички и воени лица од нацистичката партија на Германија на денешен ден биле егзекутирани со бесење по одлука на Судот во Нирнберг поради злосторства против човештвото.
Бесењата биле изведени од наредникот Џон К. Вудс и воениот полицаец Џозеф Малта, двајцата Американци. Поради грешка во должињата на јажињата, осудениците наместо со инстантна смрт со кршење на вратот умирале во получасовна агонија со давење.
Иако воените лица традиционално биле егзекутирани со стрелање, заради зачувување на честа, било одлучено да се изврши бесење бидејќи со постапките кои ги направиле осудениците не заслужиле да добијат достоинствена смрт.