17 декември 1989, емитувана првата епизода од The Simpsons
На денешен ден се емитувала првата епизода од првата сезона на најпопуларната анимирана серија во светот, „The Simpsons“.
На ТВ каналот Fox дебитирала епизодата наречена „Simpsons Roasting on an Open Fire“ позната уште и како „The Simpsons Christmas Special“. Серијата добила огромна популарност по што ликовите на Хомер, Марџ, Барт, Лиса и Меги до ден денес се појавуваат во нови епизоди.
„The Simpsons“ е серија со најдолг век на непрекината продукција и прикажување бидејќи е активна од 1989 година до денес.