18 јуни 1815, Наполен ја загубил битката кај Ватерло
Големиот европски освојувач, Наполеон Бонапарта, на денешен ден го доживеал клучниот пораз со кој почнал неговиот пад.
Битката се одвивала близу градот Ватерло во денешна Белгија, тогаш дел од Холандија. Околу 73 илјади француски војници налетале на побројна коалициона армија од 118 илјади војници под команда на Војводата од Велингтон и прускиот маршал Гебхард фон Блихер. Против Франција се бореле обединетите војски на Обединетото Кралство, Прусија, Холандија и германските држави Хановер, Насау и Брунсвик.
Проценките велат дека војската на Наполеон загубила 41 илјада војници, додека коалицијата 24 илјади. Четири дена после поразот, Наполеон абдицирал.