18 септември 1851, излезе првиот број на The New York Times
The New York Times е американски дневен весник основан во Њујорк во 1851 година. Весникот, чие оригинално име било The New-York Daily Times, има освоено 104 Пулицерови награди, најмногу од сите новински организации во светот.
Иако останува најголем локален весник на метрополата и трет по големина во Соединетите Американски Држави по The Wall Street Journal и USA Today, во текот на последниве неколку години делничниот тираж на печатениот весник нагло опадна, заедно со останатите весници, на помалку од еден милион примероци дневно за првпат по осумдесетите години.
Со прекарот „Сивата дама“ и „Весник со висока репутација“ во рамките на индустријата, The New York Times е во сопственост на The New York Times Company, која исто така објавува 18 други регионални весници вклучувајќи ги International Herald Tribune и The Boston Globe. На чело на компанијата е Артур Сулцбергер и неговото семејство го води весникот од 1896 година.