














19 август 1936, брутално бил егзекутиран поетот Гарсија Лорка
Режимот на злогласниот шпански диктатор, генералот Франсиско Франко, го егзекутирал познатиот шпански поет Федерико Гарсија Лорка.
Роден на 5 јуни 1898 година во малото гратче Фуенте Вакерос, 17 километри западно од Гранада во Андалузија, Федерико дел Саградо Корасон де Хесус Гарсија Лорка се стекнал со светка слава како член на Генерација '27, група на поети кои во шпанската книжевност ги вовеле европскиот симболизам, футуризам и надреализам.
Фашистичкиот режим на Франко го обвинувал Лорка дека е социјалист, масон и хомосексуалец и заедно со уште тројца луѓе го егзекутирал на денешен ден. Прво го натерале да си го ископа сопствениот гроб, а потоа го застрелале со три куршуми. Неговите остатоци до ден денес не се пронајдени иако шпанските власти во неколку наврати ги барале.
Неговите најпознати дела се поезиите „Canciones“ (Песни), „Romancero gitano“ (Цигански романсер), „Poeta en Nueva York“ (Поет во Њујорк) и драмите „Bodas de sangre“ (Крвави свадби) и „La casa de Bernarda Alba“ (Домот на Бернарда Алба). Покрај поет и писател бил и пијанист, сликар и режисер. Денес се смета за еден од најголемите лиричари воопшто.